КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, Елизабета

КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА, Елизабета (Велес, 30. Ⅵ 1970) – асистент на ЕУ, министер за култура. Средното образование го завршила во гимназијата „Јосип Броз Тито” во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет (социологија) во Скопје (1993). Магистрирала на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации” на истиот факултет на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ”. Работела во Извозно-увозна приватна фирма во областа на економско-правни работи и како ме-Елизабета Канческа-Милевска наџер (1992&98), а потоа во Министерството за култура како шеф на Кабинет на министерот за култура и е именувана за советник на министерот (1999) и за државен секретар во Министерството за култура (2000). Потоа работела во Агенцијата за државни службеници како раководител на Одделението за европска интеграција и во Центарот за комуникации при ВМРО-ДПМНЕ (2004). Потоа е избрана за асистент по предметите: Јавна политика, Надворешна политика и Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ (2005). Избрана е за советник во Советот на Општината Кисела Вода и е назначена за заменик градоначалник во Општината. Од 2006 до 2008 г. е државен секретар за култура во Министерството за култура на РМ, а потоа е избрана за министер за култура. Бл. Р. Капан ан во Скопје