КАНЕВЧЕ, Љубица (Панчево, 25. IX 1946) – редовен професор на Техничкиот факултет во Битола (предава Операциони истражувања, Теорија на одлучување, Технички мерења и Нуклеарни реактори). Дипломирала и магистрирала на Електротехничкиот факултет во Белград, а докторирала на Машинскиот факултет при Универзитетот во Белград (1992). Се вработува во Институтот за нуклеарни науки „Борис Кидрич – Винча”. Од 1993 г. е вработена на Техничкиот факултет во Битола. Од 2002 до 2006 г. е раководител на Машинскиот отсек и член на Деканатската управа на Факултетот. Има објавено повеќе од 100 научни и стручни трудови во земјата и во странство од подрачјето на термотехниката, термоенергетиката, процесната и мерната техника и екологијата. Сл. А. Димониев кантарион

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.