КАМЧЕВСКИ, Ѓорѓи Милчов

КАМЧЕВСКИ, Ѓорѓи Милчов (Радовиш, 7. Ⅲ 1920 – Скопје, 15. Ⅰ 1988) – полковник, специјалистуролог. Мед. ф. започнува да студира во Белград, а дипломира во Софија. Учесник во НОБ. Специјализација и супспецијализација завршил на ВМА во Белград. Го формирал Одд. за урологија во ВБ во Скопје. Хабилитирал (1972) на Мед. ф. во Скопје, а докторирал на ВМА во Белград (1974). Бил началник на Хируршкото одделение во ВБ и директор на Хируршката клиника на Мед. ф. (1967-1976). Автор е на над 180 труда. БИБ.: Санитетска служба НОВ Македоније, Београд, 1971. Сл. М. П.