КАМХИ, Леон Моше

КАМХИ, Леон Моше (Битола, 1899 – Треблинка, 1943) – голем поборник на ционизмот. Во Битола организирал (1919) две ционистички младински здруженија: „Бенот Цион”– за девојчиња и „Бене Цион” – за момчиња. Бил потпретседател на Ционистичката организација на Југославија и секретар на Меѓународната Ционистичка организација „Палестински конзул” во Битола во филијалата на „Палестинскиот уред”, каде што се издавале сертификати за иселување во Палестина.ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола,1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам. Рафаел Камхи