КАМИШОВА-НОНЧА, Марија

КАМИШОВА-НОНЧА, Марија (Велес, 20. Ⅰ 1924 – Речани, Велешко, 6. Ⅰ 1943) – работничка, организатор на работничкото и младинското движење, борец на Велешкиот НОПО „Димитар Влахов” (од 1942). Била член на СКОЈ (од 1939) и на МК на КП за Велес (од 1942). По многубројните борби со бугарската војска и полиција во Велешко од септември до декември 1942 г., заедно со група партизани била откриена и ликвидирана во една колиба во близината на Велес. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985; Ѓорѓи Малковски, Револуционерката Марија Камишова (Нонча), ГИНИ, ЏЏВИИИ, 3, Скопје, 1984. Ѓ. Малк.