КАМБЕРСКИ, Јово

КАМБЕРСКИ, Јово (Гевгелија, 11. Ⅰ 1923 – Скопје, 23. Ⅳ 1995) – режисер, сценарист, писател, новинар. На филм дебитирал 1948 г. како сценарист на документарецот „Низ Пиринска Македонија”. Лиризмот на неговите опсервации е во близок дослух и во филмовите како „Свилен конец”, прикажан на Фестивалот во Берлин, „Миравска свадба”, „Комитска легенда”, „Хајка”, „Замрзнато езеро”. Во периодот на неговиот директорски мандат во „Вардар филм”, оваа продуцентска куќа минуваше низ најбогатата творечка фаза од своето формирање. Г. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *