КАМБЕРСКИ, Киро Методиев

КАМБЕРСКИ, Киро Методиев (с. Владимирово, Беровско, 17. Ⅴ 1941) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа во Штип (1961), педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1966), магистерски студии на Универзитетот во Белград (1980), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1992). Работел како учител, воспитувач и младински раководител (1965– 1971). Најголемиот дел од работниот век го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје (1971– 2004), каде што ја изведувал нас-Киро Камберски тавата по предметите: Општа историја на педагогијата, Историја на педагогијата на Македонија и Компаративна педагогија. Бил продекан на Филозофскиот факултет, раководител на Институтот за педагогија и на студиите по дефектологија, член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, главен и одговорен уредник на (в.) „Годишниот зборник на Универзитетот”, главен и одговорен уредник на списанието „Педагогија”, претседател на Советот на (в.) Педагошкиот музеј на Македонија и др. Предмет на неговите научни проучувања се образованието и педагошката мисла во Македонија од крајот на ⅩⅠⅩ в., а особено по нејзиното ослободување. Автор е на околу 200 научни и стручни трудови. БИБ.: Од буквар до универзитет, 1994; Коавтор и редактор на книгите: 50 години Филозофски факултетСкопје, 1996; Општествената транзиција и образованието, 1998; Предучилишното и основното образование во Република Македонија, 2000; Пре-примарѕ анд примарѕ едуцатион ин ФЅР Мацедониа (девелопмент, стате анд проспецтс), УНИЦЕФ, 2001 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет: 1946–1996, Скопје, 1996, 50. С. Мл. Владо Камбовски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *