КАЛЧЕВСКИ, Ристо

КАЛЧЕВСКИ, Ристо (Прилеп, 29. Ⅳ 1933 – Скопје, 7. Ⅷ 1989) – сликар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љуб-Ристо Калчевски: Слика 32/78 љана (1953). Членувал во групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Љубљана, Париз, Крањ. Уште во најраните слики се јавуваат асоцијативни елементи (Фигури во зелено, 1959), кои подоцна преминуваат во наполно нефигуративни претстави (Пареа, 1961). Кон крајот на шеесеттите внесува во делото несликарски материјали со ненаметлив геометризам, ослободувајќи го патот на сликата кон објектот (Слика 11–70, 1970). Последните дела, инспирирани како и претходните од македонското културно и географско поднебје, содржат повесел колорит и понагласена раздвиженост. ЛИТ.: Борис Петковски, Ристо Калчевски (каталог), Скопје, 1968; Сонја Абадзијева-Димитрова, Ристо Калчевски (каталог), Мала галерија, Лјублјана, 1981; Марика Бочварова-Плавевска, Аспекти на пиктуралното – Ристо Калчевски (каталог), Скопје, 2001. С. Аб.-Д. Јово Камберски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *