КАЛИЧАНИН, Предраг Воиславов

КАЛИЧАНИН, Предраг Воиславов (Битола, 2. Ⅳ 1927 – Белград, 10. Ⅰ 2004) – невропсихијатар, основоположник на психијатријата во РМ, редовен проф. на Мед. ф. во Белград и почесен проф. на Унив. „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Мед. ф., специјализација и докторат (1970) завршил во Бел-град. Од 1952 до 1964 г. работел како асистент на Клиниката за невропсихијатрија при Мед. ф. во Скопје. Има публикувано 200 труда и 50 книги. БИБ.: Епидемиолошки метод у психијатрији-шизофренија у Београду, Београд, 1975; Криза психијатрије или психијатрија кризе, Београд, 1984; Депресије, Београд, 1981. Сл. М. П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *