КАЛИМАНЦИ

КАЛИМАНЦИ – вештачка акумулација на р. Брегалница. Се наоѓа во Овчеполско-истибањската Клисура. Браната е изградена во 1969 г., а се состои од нафрлан камен и централно глинено јадро. Должината на круната изнесува 232 м, широчината 10 м, а височината над теренот 84 м. Котата на нормалното ниво се наоѓа на височина од 515 м, максималната должина на езерото изнесува 14 км, а неговата широчина 0,30 км. Во овие граници езерото зафаќа површина од 4,23 км 2. Вкупната зафатнина на акумулациониот базен изнесува 127 милиони м 3, од која 120 милиони м 3 претставува корисна зафатнина. Водата од езерото се користи за наводнување на 28.000 ха обработливи земјоделски површини во Кочанско и Овче Поле, за производство на електрична енергија, за која цел е изградена хидроелектричната централа со инсталирана сила од 12,8 МЊ. Др. В. Калинка во Валандово

Напишете коментар