КАЛЕШИ, Омер Ахмед

КАЛЕШИ, Омер Ахмед (Калесхи, Омер Ахмед) (с. Србица, Кичевско, 1932) – сликар. Основно училиште завршил во родното место, а средно техничко училиште во Скопје. Во 1956 г. емигрирал во Турција. Во 1959 г. ги започнал студиите на Ликовната академија во Истанбул. По завршувањето на студиите (1965) се преселил во Париз. Централен мотив на речиси сите негови платна е човечката глава, како еден есенцијален симбол. Имал самостојни изложби во Париз, Истанбул, Анкара, Бел-град, Скопје, Приштина и др. БИБ.: Луан Рама, Омер – Схтëргу нга Баллкани, Тиранë, 2004; Омер Калесхи, И, Стамболл, 1997; Омер Калесхи-Драма баллканике, Ⅱ, Истанбул, 1999; Омер Калесхи Ⅲ, есе нга Исмаил Кадаре, Стамболл 2001; Омер Калесхи – Трајецтоирес, Тексте дхе поема, Јасцуес Лацарриере, Стамболл, 2003; Мш интересон ветëм нјериу, Адем Гајтани, Присхтинë, 15 дхјетор 1965. ЛИТ.: Паскал Гилевски, Пурпурен и темен колорит, „Нова Македонија“, Скопје., 11. Ⅻ 1965. А. П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *