КАЛДРМА

КАЛДРМА (Радожда) – дел од римскиот пат Виа Егнатиа западно од селото што води кон граничниот премин ќафасан кон РА. Трасата е поплочена со камени блокови и со грижливо изведени рабови, чија ширина изнесува 2,5–5 м. Патот е зачуван во должина од 200 м со прекини; тој се наоѓа на делницата помеѓу станиците Патра (Патра) и Клауданон (Цлауданон). ЛИТ.: В. Битракова-Грозданова, Ла Виа Егнатиа ентре Лѕцхнидос ет Понс Сервилии, „Анциент Мацедониа”, Ⅵ/1, Тхессалоники, 1996, 153–165. В. Б.-Гр.