КАЛАЈЏИСКИ-ДОБРИ, Лазар

КАЛАЈЏИСКИ-ДОБРИ, Лазар (Неготино, 25. Ⅲ 1913 – Скопје, 6. Ⅻ 1987) – комунистички деец, воен командант на НОАВМ и полковник на ЈНА. Како активист на работничкото движење (1935), бил примен за член на КПЈ (ноември 1939) и секретар на Партиското поверенство на КП во Неготино (август 1940). Во НОАВМ бил секретар на МК на КПЈ во Неготино и раководител на Месниот воен штаб, заменик командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ (од април 1943), потоа и командант (од ав-густ 1943), заменик командант на Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов”, заменик командант, а потоа и командант на Втората македонска НОУБ (9. Ⅻ 1943), заменик командант на Четириесет и првата (македонска) дивизија на НОВЈ и заменик командант на ⅩⅤ (македонски) корпус. Бил избран за делегат на Второто и Третото заседание на АВНОЈ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето завршил Воена академија, бил командант на Воената област во Битола, началник за народна одбрана при Владата на НРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. ИЗВ.: Лазар Калајџиски – Добри, Сеќавања, ракопис во АИНИ-Скопје.ЛИТ.: Умре Лазар Калајџиски – Добри, „Нова Македонија”, ЏЛИИИ, 14682, Скопје, 7. Ⅻ 1987, 3. С. Мл. Калајџиското оро КАЛАЈЏИСКО – македонско народно оро за машки состав на изведувачи во ритам 11/16 (2, 2, 3, 2, 2). Играорците се држат за рамо. Темпото при играњето е умерено, со забрзување кон крајот. Обилува со мимичко-драмски елементи, својствени за калајџискиот занает – калаисување и светнување на садовите. Најчесто се играло во Велешко и Скопско. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 200. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *