КАЛАУЗИ, Јован Атанасов

КАЛАУЗИ, Јован Атанасов (Битола, 29. Ⅹ 1919 – Битола, 3. IX 1989) – интернист. Дипломирал (1949) и специјализирал интерна медицина (1954) во Белград, а работел во Битола. Во 1957/58 г. престојувал во Париз. На 16. Ⅱ 1972 г., во Коронарната единица на Интерното одделение за прв пат во Македонија применил интернистичка дефибрилација со ДЦ електрошок при нарушување на срцевиот ритам. Бил примариус и началник на Службата за интерна медицина. П. Б.