КАЛАТА .-(с. Дулица, Делчевско) – доцноантичко утврдување на висок, стрмен рид на утоката на Каменичка Река во р. Брегалница. Сочувани се силните бедеми и остатоци од камени градби. На локалитетот Керамидница е откриена еднокорабна црква со синтронос, нартекс, ексонартекс и атриум, како и некропола од средниот век. Во 1967/68 на оддалеченост од 500 м по текот на реката, на локалитетот Бегов Даб, е пронајдена и истражувана трикорабна базилика со синтронос, трансепт и нартекс, со богата архитектонска декоративна пластика и со некропола во атриумот, која датира одⅤи почетокот на Ⅵ в. ЛИТ.: И. Микулчиќ – А. Керамиджиев, Сондажна рекогносциранја горнјег тока Брегалнице, „АП“, 10, Београд, 1968, 224–225. Д. З. Јован Калаузи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.