КАЛАПЧИЕВ, Никола

КАЛАПЧИЕВ, Никола (Горна Џумаја, 12. Ⅴ 1924 – Горна Џумаја, 6. Ⅴ 1942) – македонски револуционер, комунист. Организационен секретар на Окружниот комитет на РП. Близок соработник на Никола Вапцаров и на членовите на МЛК во Софија (1936–1938). Бил Никола Калапчиев уапсен и осуден на 7 години затвор (1938), а потоа ослободен (1940). Бил член на Окружниот комитет и организатор на Горноџумајската партизанска чета (поч. на 1942). Во борба со жандармеријата и со полицијата во Демирхисарско бил тешко ранет и уапсен. Со ампутирана рака избегал и во престрелка со полицијата се самоубил. Горноџумајскиот партизански одред (формиран 1943) го носел неговото име. ЛИТ.: Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971; Георги Джоджов (Драго), За кого пеят мурите, София, 1971. В. Јот. Старохристијанска базилика во тврдината Калата (Бегов Даб, с. Дулица, Делчевско)