КАЛАМАТИЈА, Мијалче

КАЛАМАТИЈА, Мијалче (Штип, 12. Ⅳ 1896 – Грција, ?) – трговец, пратеник во Народното собрание на Кралството на СХС /Југославија. Приврзаник на режимот. Во 1923 г. бил избран за претседател на Здружението за борба против „бугарските бандити”. За народен пратеник бил избран во 1927, 1931, 1935 и 1938, а за сенатор во 1939 г. Бил претседател на Штипската општина 1928–1934. По капитулацијата на Кралството Југославија избегал во Турција, а по Втората светска војна преминал во Грција, каде што починал како емигрант. ЛИТ.: Д-р Зоран Тодоровски, ВМРО 1924–1934, Скопје, 1997; Зоран Тодоровски, Дејствувањето на автономистичката ВМРО (1918–1924), магистерски труд во ракопис, Скопје, 1989. Н. Цв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *