КАЛАМАРАС, Ефтим Георгиос

КАЛАМАРАС, Ефтим Георгиос (Скопје, 15. Ⅲ 1927 – Скопје, 28. Ⅻ 2003) – гинеколог-акушер, основоположник на ехо-дијагностиката, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1952), а специјализирал гинекологија и акушерство на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје (1957). Хабилитирал и се усовршувал во многу центри во Европа. Посебно се занимавал Ефтим Каламарас со ендокринологијата и патолошката бременост. Тој е во првата генерација стручњаци што $ дадоа физиономија на Клиниката за гинекологија и акушерство. З. Ⅹ.