КАДРИУ, Тахир

КАДРИУ, Тахир (Тетово, 24. Ⅵ 1938) – економист и политичар. Завршил Економски факултет. Бил претседател на Околискиот комитет на Сојузот на младината, член на Околискиот комитет на СКМ и потпретседател на Собранието на општината Тетово. Исто така, бил член на ЦК на СКМ и член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ, пратеник во Соборот на народите и пратеник во Општествено-политичкиот собор на Собранието на СФРЈ. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *