КАДИРИЈА

КАДИРИЈА – дервишки ред. Бил основан во Ⅻ в. од Абдул Кадир ел Гилани (роден во Иран), по кого го добил името. Редот се ширел преку основањето теќиња. Најголема доминација достигнал во ⅩⅣ–ⅩⅤ в., во Иран и во Сирија. Во Македонија се појавил во втората половина на ⅩⅤⅠⅠ в. и бил еден од најраширените редови до Втората светска војна. ЛИТ.: А. Матковски, Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅱ, Скопје, 1983. Ј. Јан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *