КАДИНА РЕКА

КАДИНА РЕКА – десна притока на р. Вардар. Извира северно од месноста шашковица на планината Јакупица, во месноста Јуручка Карпа, на височина од 1.900 м, а се влива во Таорската Клисура, на височина од 212 м. Долга е 34 км, има вкупен пад од 1.688 м и просечен пад од 49,6‰. Површината на сливот изнесува 184 км 2. Просечниот годишен протек е 3 1,63 м /сец. Др. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *