КАВКА, Маќеј

КАВКА, Маќеј (Тшебиња кај Краков, Полска, 19. Ⅰ 1948) – лингвист, директор на Центарот за истражување на печатот во Институтот за новинарство и општествена комуникација на Јагелонскиот универзитет. Завршил полонистички студии (1971) и докторирал од областа на лингвистиката (1981). Првин работел во Институтот за полска филологија на истиот универзитет (1971-1981), а потоа во Институтот за полски јазик на Полската академија на науките. Хабилитирал на тема „Метатекст во одбрани дела од литературата за деца” на Педагошкиот универзитет во Краков (1991), се здобил со професорска титула (2001) и бил избран за вонреден професор на Јагелонскиот универзитет (2006), а потоа бил назначен за директор на Центарот за истражување на печатот во Институтот за новинарство и општествена комуникација. Бил лектор по полски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1976-1979). Научен интерес му е лингвистиката на текстот, семантиката, јазичната прагматика, теоријата на дискурсот и медиумската комуникација, со особен интерес кон проблематиката на конфронтативниот опис на полскиот наспроти македонскиот јазик. Повеќепати учествувал на Семинарот за македонски јазик и литература во Ох-рид. Повеќе од 30 години се занимава и со прашања на македонскиот јазик, литературата и културата. БИБ.: Студиа конфронтатѕњне и текстологицзне. Полски/мацедонски, Краков, 1994; Кралот Марко во народните преданија на Марко Цепенков – когнитивна дефиниција, Кралот Марко во историјата и традицијата, Прилеп, 1997, 209–217; Кохезијата на македонскиот јазик – категоријата на модалноста во „Големата вода” на Живко Чинго, Македонско-полски врски. Прилози од Меѓународниот научен собир, одржан во Скопје на 28–29 ноември 2005, Скопје 2007, 131–136. С. Мл. Симеон Кавракиров

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *