КАБРОВСКИ, Тоде Василев

КАБРОВСКИ, Тоде Василев (с. Горно Ореово, Битолско, 8. 1945) – просветен и културно-национален деец во Австралија. По завршувањето на Учителската школа (1964) и на Вишата педагошка школа (на Групата за историја и географија) во Битола (1967), во 1969 г. се иселил во Австралија (Рокдаел, Нов Јужен Велс) и 36 години работел во Телстра корпорејшен лимитед. Бил еден од иницијаторите за отворање на првото етничко училиште на македонски јазик во Нов Јужен Велс (1975) и учител во разни македонски основни етнички училишта и наставник во гимназијата во Когра (1976-2004); еден од иницијаторите за формирање на Македонскиот просветно-училиштен одбор за НЈВ и негов потпретседател и претседател (1978-2004); член на комисиите за изработка на наставен план и програма за средните училишта и за проверка на испитите; коавтор на неколку учебника за македонските етнички училишта и член или раководител во разни македонски културно-уметнички, добротворни и други друштва и организации. Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *