КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов

КАБАКЧИЕВ, Христо Стефанов (Галац, Романија, 2. Ⅰ 1878 – Москва, СССР, 6. Ⅹ 1940) – бугарски и интернационален комунистички деец, доктор по историски науки, застапник за македонската нација и државност. Дипломирал право на Софискиот универзитет и бил член на ЦК на БРСДП (1905–1928), еден од делегатите на Копенхагенскиот (1910) и на Базелскиот конгрес на Ⅱ интернационала, на Ⅱ, Ⅳ и Ⅵ конгрес на Коминтерната. Како учесник во Септемвриското востание (1923), бил осуден на 12,5 години затвор, но потоа е амнестиран и емигрирал во СССР (мај 1927), каде што бил предавач во Меѓународната ленинска школа и во КУНМЗ и соработник на Институтот по историја на АН на СССР. БИБ.: Избрани произведениџ, Софиџ, 1953; Спомени, Софиџ, 1955; Де е нашата сила. Публицистика, Сљстав. и ред. Н. Давидов, Софиџ, 1978. ЛИТ.: Р. Караколов, РеволЃционниџт и творчески пљт на Христо Кабакчиев (1878–1940 г.), „Исторически преглед”, Н 2, Софиџ, 1947; Т. Колева, Христо Кабакчиев, Био-библиографиџ,Софиџ, 1953. С. Мл. Тоде Кабровски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *