ИЉОСКИ, Ристо

ИЉОСКИ, Ристо (с. Бесвина, Леринско, 5. Ⅲ 1943) – историчар, научен соработник. Како дете бегалец од Граѓанската војна во Грција, во Будимпешта завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет (историја и руски јазик) на Универзитетот „Етвеш Лоранд” (јули 1967). Извесно време работел како професор во средни школи во Будимпешта (1967–1970), а потоа се преселил во РМ и работел како стручен соработник, асистент и научен соработник во Одделението за античка и средновековна историја на Институтот за национална историја во Скопје (1. Ⅶ 1970–2003). Ги посетувал постдип-Ристо Иљоски ломските студии на Филозофскиот факултет (Семинар по византинологија) во Белград (1972& 1974) и магистрирал на тема „Македонија измеÑу Србије и Византије у доба првих Палеолога (1261 –1334)” (1977). Бил избран за научен соработник и раководител на Одделението за античка и средновековна историја (1979), за секретар (1979–1984) и член (1984&1988) на Редакцијата на сп. „Гласник” на ИНИ. Сега живее во Будимпешта. БИБ.: Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија, т. Ⅱ, Скопје, 1977 (со коавтори); Историографија на Македонија, 1976-1980, Ⅱ, Скопје, 1987 (со коавтори); Кој и кога владеел со Македонија / Њхо рулед Мацедониа анд хоњ лонг, Скопје / Скопје, 2003. ЛИТ.: „Билтен” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. бр. 542, Скопје, 10. XI 1990, 153&156; 50 години Институт за национална историја 1948&1998, Скопје, 1998, 93. С. Мл. Имаго Клипеата, тип кружна камена стела

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.