ИЉАЗ, шабан

ИЉАЗ, шабан (Скопје, 1955) – поет, припадник на ромската етничката заедница во РМ, преведувач од ромски на македонски јазик и обратно. Роден е во Скопје, каде што завршил средно стручно образование. Член е на ДПМ (1996). Неговите стихови, како впрочем и севкупната литература на Ромите, провоцираат низа прашања и дилеми за битието, љубовта, смртта, за животот со своето секојдневје и за животот со една космополитска свртеност. Тоа се и стихови што ја промовираат мислата на Ромите во Македонија, но и нивната мисла за Македонија и пошироко. ДЕЛ: Корењата на мојот прадедо (поезија, 1985), Споменикот на бесмртните (поезија, 1990), Светлината на цветот (поезија, 1998). В. М. – Ч.