ИЦЕВ, Александар

ИЦЕВ, Александар (Кавадарци, 11. Ⅵ 1921) – металостругар, првоборец и политичар. Ги завршил Градежното училиште во Кавадарци и Военото занаетчиско училиште при Воено-техничкиот завод во Крагуевац. Како истакнат член на работничкото движење, станал член на КПЈ (1940). Бил учесник во НОАВМ (1941) во илегална партиско-политичка работа како член на МК на СКОЈ и секретар на МК на КПЈ во Кавадарци, инструктор на Вториот областен комитет на КПМ, член и секретар на Околискиот комитет на КПМ за Тиквешијата. По Ослободувањето бил резервен мајор, инструктор на Обласниот комитет на КПМ во Битола, секретар на Окружниот народен одбор и член на Окружниот комитет на КПМ во Велес, претседател на Главниот одбор на Народната техника на Македонија (1957). На Првиот (19&24. Ⅻ 1948), Вториот (28&30. Ⅴ 1954), Третиот (21&23. Ⅴ 1959) и Петтиот конгрес (19&21. XI 1968) бил избиран за член на ЦК на КПМ. Исто така, во повеќе свикувања бил републички (од првото свикување) и сојузен (од второто свикување) пратеник. Бил директор на Металскиот завод „Тито” во Скопје, претседател на Комитетот за сообраќај при Владата на НРМ, инструктор на ЦК на КПМ, потпретседател на Комитетот за државна контрола на НРМ, секретар на Околискиот комитет на КПМ и претседател на Народниот одбор во Кавадарци, секретар на Обласниот комитет на КПМ и претседател на Обласниот народен одбор во Штип, претседател на Републичкиот совет на ССМ, член на Претседателството на Централниот совет на ССЈ и претседател на Централниот одбор на Сојузот на синдикатите на металските работници на Југославија, претседател на Околискиот народен одбор во Велес, претседател на Стопанскиот собор на Собранието на СРМ, функционер во Собранието на СРМ (1970) и др. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Активноста на КПЈ во Тиквешијата во периодот од 1939 до 1945 година, Тиквешијата во НОВ 1941&1945, кн. втора, КПЈ&КПМ во Тиквешијата 1939&1945, Кавадарци&Неготино, 1984, 9&16; Работата на партиската организација во Тиквешијата 1943&1945 година, на истото место, 115&146 (со коавтор Глигор Гечевски). С. Мл. Нада Ицева -Салџиева