ИСЧЕЗНАТИ ВИДОВИ ОД ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИСЧЕЗНАТИ ВИДОВИ ОД ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – видови што во минатото биле присутни на територијата на РМ, но од најразлични причини, најчесто поради антропогени активности (интервенции во природните екосистеми, мелиорации на мочуришта, изградба на водни акумулации, потопување клисури, добивање нови обработливи површини и сл.), се исчезнати од нејзината флора. Таков е случајот со видовите: Ацорус цаламус (од околината на Струга, покрај Црн Дрим, поради спуштање на коритото на реката заради мелиорација на Струшкото Блато), Сагиттариа сагиттифолиа (Пелагониско Блато кај с. Новаци, заради мелиорација на мочуриштето), Гентиана пнеумонантхе и Лѕсимацхиа тхѕрсифлора (Мавровско Поле, поради неговото потопување при полнењето на вештачкото Мавровско Езеро), Аллиум маритимум (Овче Поле, изорување на солените површини и сушење на мочуриштата), Алдрованда весицулоса (Преспанско Езеро, поради флуктуациите на нивото на езерото во изминатиот 50-годишен период). Вл. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *