ИСЛАМИ, Абдулазис

ИСЛАМИ, Абдулазис (Абдулазис Ислами) (с. Гајре, Тетовско, 29. Ⅶ 1930 – Тетово, 2005) – поет, раскажувач, драмски автор, преведувач. Основно училиште завршил во родното место, средно образование во Тетово, а Педагошка академија во Скопје. Бил новинар и уредник на Културната рубрика во емисиите на албански јазик во Радио Скопје. Првото литературно остварување го објавува во 1954 г. Пишувал за деца и за возрасни. Се истакнал како продуктивен автор во сите книжевни видови и жанрови. Член е на ДПМ (1965). БИБ.: Ветер и стихови, 1963; Погледи од земјата, 1969; Чунот во брановите, 1970; Спомени и сништа, 1972; Оаза, 1973; Фатина, 1975; Водите, 1976; Разденување, 1978; Непознатото девојче, роман, 1985; Мелероти, 1986; Злосторство во храмот, роман, 1987; Гулабот златоклунец, 1988; Светлост на сводот, 1990; Ел Дорадо, 1990; Хекуран од Артас, роман, 1993; шапот на стариот патник, 1994; Огин, драма, 1994; Ница, 1995; Тетовирање, 1996; Лукавство, роман, 1996; Траги на брановите во карпа, раскази, 1996. ЛИТ.: Подримја Али, Вендлиндја си предиспоним поетик, Мајш малесх, Присхтинш, 1983. А. П.