ИСЕЛУВАЊЕ НА ТУРЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

ИСЕЛУВАЊЕ НА ТУРЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА (1912–). На почетокот од ⅩⅩ в. турското население во Македонија (според една статистика) претставувало 22,14 % или 499. 304 жители. Кога војските на сојузените балкански држави ја окупирале Македонија (1912) масовно било протерано или се иселило пред нивното настапување голем дел од турското население. Со Лозанската конвенција (30. Ⅰ 1923) меѓу Грција и Турција за задолжителна размена на малцинствата од Егејскиот дел на Македонија, присилно било иселено турското население од Западна Тракија. Турција со Југославија потпишала Спогодба (1938) за иселување на турското население од Македонија и од Косовско-метохиската област. По Војната (1941–1945) продолжило иселувањето на Турците од НР/СРМ. ФНРЈ и Турција потпишале два протокола (5. Ⅰ 1850 и 31. Ⅶ 1954) и Договор (13. Ⅶ 1956) со Протокол за обештетување за имотите на иселените Турци. Помасовно иселување на Турците од Пиринскиот дел на Македонија се случило под притисок на режимот на Тодор Живков за нивното бугаризирање. ЛИТ.: Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913-1995), Скопје, 2000; Македонија во меѓународните договори, 1 (1913-1940), Скопје, 2006. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *