ИСАКУ, Мурат

ИСАКУ, Мурат (Мурат Исаку) (с. Гајре, Тетовско, 1928 – Тетово, 2005) – писател и преведувач. Основно училиште завршил во Тетово, средно во Елбасан и во Ѓаковица, а студии по албански јазик и книжевност во Белград. Првин работел како наставник, а потоа како новинар и уредник во МРТ (во Редакцијата на албански јазик). Првите песни ги објавил во 1951 г. Неговиот творечки опус е мошне богат (збирки поезија, раскази и романи). Преведен е на неколку светски јазици (француски, англиски, германски, српскохрватски, јапонски и др.) Преведува од албански на македонски јазик и обратно. БИБ.: Зани и малит (Гласот на планината), поезија, 1961; Курора е троллит (Венецот на почвата), поезија, 1968; Долли пшр гјшрат е хумбура, (Здравица за изгубените нешта), поезија, 2000; Се брзам да дишам, поезија, 2001; Банеса нш катин е третш (Станот во третиот спрат), раскази; Гшрсхета (Плетенка), раскази, 1978; Диелли е дин рругшн е вет (Сонцето го знае својот пат), роман, 1965; Флака е вонуар (Задоцнет огин), роман, 1973; Плагшт (Рани), роман, 1975; Ррецкајт, (Рецкајт), роман, 1975; Дамкат (Дамки), роман, 1986; Фатпрершт (Несреќници), 1995. Н. С.