ИСАИЈА СЕРСКИ

ИСАИЈА СЕРСКИ (диецеза на Липлјанската епископија на Косово, меѓу 1300 и 1310 – светогорскиот манастирСвети Пантелејмон”, по 1375) – монах, српски дипломат и книжевник. Напуштајќи го семејството на таткото Ѓорѓи и мајката Калина, првин се замонашил во Осоговскиот манастир кај Крива Паланка, каде ја започнал и книжевната дејност, а потоа заминал на Света Гора кај игуменот Арсениј во Хилендарскиот манастир (пред 1330). По неговата смрт (средина на 1348), со својот ученик Силвестер заминал во испосништво во светогорскиот манастир „Св. Павле”, а потоа во светогорскиот манастирСвети Пантелејмон”, каде што бил игумен 20 години. Пропатувал повеќе места (меѓу 1353 и 1363). Ја имал довербата и наклонетоста на српскиот владетел Стефан Душан. Се занимавал со преведувачка дејност. Бидејќи неговата дејност била тесно поврзана со управната единица на Серската држава, познат е како Серски. По барање на серскиот митрополит Теодосиј, ги превел делата на Псевдо-Дионисиј Ареопагит (1371). Како поговор кон преведената „Аеропагика”, оставил и свој летописен расказ за последиците во Македонија по Маричката битка (26. IX 1371), во литературата познат како „Расказ за разорувањето на Македонија од Турците во 1371 г.”. ЛИТ.: Архим. Н. ДучиÊ, Монографија Хиландара, В. Животопис старца Исаије који је живио у ⅩⅣ вијеку, „Гласник Српског ученог друштва”, књига 56, Београд, 1884, 63-77; В. МошинÝ, Житие старца Исаии, игумена Русскаго монастир® на Афоне, „Сборникъ Русскаго археологическаго обÈества въ Королевстве Áгославии”, томъ Ⅲ, Белградъ, 1940, 125–167; Михајло Георгиевски, Исаија Серски и неговиот историско-литературен расказ за преведувањето на богослужбените книги од грчки на словенски и за поробувањето на Македонија од Турците во 1371 година, „Современост”, ЏЏВИ, 4-5, Скопје, 1976, 299-302; ™орÚе ТрифуновиÊ, Писац и преводилац инок Исаија, Крушевац, 1980, 6977; Красимир Станчев, Ареопагитскиот корпус в превода на Исай® Серски. Археографски бележки, „Археографски прилози”, 3, Београд, 1981, 145-152; Ѓорѓи Поп-Атанасов – Илија Велев – Маја Јакимовска, Творци на македонската литература IX-ⅩⅤⅠⅠⅠ век, Скопје, 2004, 141–151. С. Мл. Јон Исаја