ИРЕНА

ИРЕНА (? – 1015) – царица (1014–1015), жена на цар Гаврил Радомир. Византиска благородничка од Лариса, заробена при Самуиловото заземање на градот (986). Во неа се вљубил престолонаследникот Гаврил Радомир и ја зел за жена, откако ја протерал бремената сопруга (унгарска принцеза). Со Гаврил Радомир имала пет сина и две ќерки. Била убиена по наредба на Иван Владислав. ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1986; С. Пириватрич, Самуиловата държава, обхват и характер, София, 2000. Б. Петр.

Напишете коментар