ИНСТИТУТ ЗА МАТЕМАТИКА

ИНСТИТУТ ЗА МАТЕМАТИКА – формиран (1985) во рамките на ПМФ, како наследник на Математичкиот институт и Математичкиот факултет. Организиран е во пет заводи и три студиски насоки. Обезбедува настава по математика за додипломските и постдипломските студии на ПМФ и други факултети, ја организира научната работа на своите членови и образува математички кадар за сите степени на образование. Ги издава научните списанија „Годишен зборник” и „Математика Македоника”. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија, Скопје, 2006. Н. Ц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *