ИНСТИТУТ ЗА ИНФОРМАТИКА

ИНСТИТУТ ЗА ИНФОРМАТИКА – институција формирана (1985) во рамките на ПМФ, од членови на реформираниот Математички факултет. Институтот обезбедува настава за своите додипломски и постдипломски студии по информатика и за информатичките предмети на повеќе факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, а се грижи за развојот на компјутерските науки и алгебрата. ЛИТ.: ПМФ 1946–2006, монографија, Скопје, 2006. Н. Ц.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *