ИНСЕКТИ, КСИЛОФАГНИ

ИНСЕКТИ, КСИЛОФАГНИ – инсекти што се хранат со дрво, ги преработуваат неговите хранливи материи во својот цревен канал со помош на ферменти или пак ги користат индиректно преку екто или ендосимбиоза со микроорганизми, односно оние инсекти што во одреден период од животот живеат и се хранат со дрво. Најголем број од ксилофагните инсекти живеат во тропските и во суптропските краишта. Според Ј. П. Вите, во средна Европа живеат само 100 вида ксилофагни инсекти, од кои само половината се позначајни технички штетници, а присутни се и кај нас. Најзначајни ксилофагни инсекти во РМ се: Анобиум пунцтатум Л. – точкест дрвоточец, Анобиум пертинаџ Л. – мртовечки часовник, Лѕцтус линеаруис Гоезе. – буба беликар, Бострѕцхус цапуцинус Л. – качулкар, Хѕлотрупес бајулус Л. – домашна стрижибуба, Строматиум фулвум Вилл. – кафеава домашна стрижибуба, Цаллидум виолацеум Л. – син калидиум, Пѕррхидиум сангуинеум Л. – црвен калидиум, Пхуматодес тестацеус Л. – променлив калидиум, Церамбѕџ цердо Л. – голема дабова стрижибуба, Церамбѕџ сцополии Лаицх. – мала дабова стрижибуба, Саперда царцхариас Л. – голема тополова стрижибуба, Моноцхамус сутор Л. – бронзена стрижибуба, фам. Сцолѕтидае – сипци дрвенари и срцевинари фам. Платѕподидае. Ст. Н.