ИНГИЛИЗОВ, Иван

ИНГИЛИЗОВ, Иван (Пехчево, 20. Ⅶ 1882 – с. Церово, Горноџумајско, 28/29. IX 1944) – учител, војвода во Илинденското востание. Завршил педагошко училиште во Скопје, учел историја и филозофија на универзитетите во Софија и Загреб. Бил учител во Струмица, Горна Џумаја, Скопје и Пехчево. Во Илинденското востание предводел чета во Струмичко, Радовишко и во Малешевско. По Првата светска војна бил пратеник во Бугарското народно собрание. По 9 септември 1944 г. бил уапсен и убиен заедно со други припадници на ВМРО. ЛИТ.: Борис Ј. Николов, Вътрешна македоно-одринска револÓционна организация. Войводи и ръководители (1893–1934). „Биографично-библиографски справочник”, София, 2001. З. Тод.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *