ИМЕЛА

ИМЕЛА – полупаразитски грмушки, се развиваат врз стебла на други дрвја, користејќи од нив хранливи материи, а самите ја вршат асимилацијата. Имаат дихотомно разгранување, кожести или лушповидни листови, спротивно распоредени. Под ова име во нашата земја се опфатени имелите од три рода: Висцум албум Л. – зимзелена имела, која паразитира на широколисни дрвја, борови и ели; Лорантхус еуропаеус Јацљ. – листопадна имела, паразит на костенот и на дабот и Арцеутхобиум оџѕцедри М. Биеб. – мала зимзелена грмушка со ситни лисје, која паразитира на игловидните смреки. Ал. Анд. Имер Имери

Напишете коментар