ИЛХАМИ, Емин

ИЛХАМИ, Емин (Емин Илхами) (Радовиш, 8. Ⅷ 1931) – поет, драмски писател, истражувач, книжевен критичар, публицист, преведувач од турската националност во РМ. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Кратко време работел како учител. Бил уредник на емисиите на турски јазик во Радио Скопје, одговорен уредник на списанието „Сеслер”, два мандата бил потпретседател и секретар на ДПМ; генерален директор на „Театарот на народностите” во Скопје, потсекретар во Министерството за култура на СРМ. Од 1995 г. е советник и колумнист на интернационалниот тројазичен весник „Заман”. Член е на ДПМ од 1956 г. БИБ.: Отаде каменот, 1965; Трендафил цвет, 1972; Трендафил дом, 1974; Гулдин, 1993; Ѓулпат, 2003; Ѕüрüѕен Дувар (Подвижен ѕид), 2008. ЛИТ.: Абдулкадир Хаѕбер, Македонѕа ве Косова Турклеринин Едебиѕатý?, Истанбул, 2001. А. Аго