ИЛКОВСКИ, Ристо Илиев

ИЛКОВСКИ, Ристо Илиев (с. Иловица, Струмица, 9. Ⅰ 1930) – редовен професор на Земјоделскиот и Вет. ф. во Скопје. Основач на ФВМ, каде што бил избиран за продекан и во два мандата за декан. Од 1962 г. се вработува на Земјоделскиот факултет, каде што и докторирал (1969). Бил на специјализација во Холандија, на студиски престои во Германија, Финска, Грција, САД и во Мексико. Се залагал и успеал да создаде услови за отворање на Ветеринарната насока (1991/92), а бил и претседател на Матичната комисија за формирање на Вет. ф. во Скопје. Работи во Деловниот сојуз за памук и свилена буба во Струмица, бил директор на Земјоделско стопанство „Хамзали” во Струмица. Објавил 120 научни и стручни труда. М. Д. – Ј. Б.