ИЛИЧ-СВИТИЧ, Владислав Маркович

ИЛИЧ-СВИТИЧ, Владислав Маркович (1934-1966) – славист-компаративист, основач на ностратичката теорија за сродноста меѓу индоевропските, картвелските, семито-хамитските, дравидските, уралските и алтајските јазици и создал споредбена фонетика и споредбен речник на општи корени. Имајќи извонреден усет за секоја јазична појава поодделно и извонреден слух, за првпат во СССР тој зборува за македонскиот јазик, за губењето на ринезмот во југозападните македонски говори (ВопросÎ славянского язÎкознания, вÎп. 6, 1962), за некои особености на мак. егејски дијалекти. Ковтор е на првиот голем македонско-руски речник (заедно со Д. Толовски), кон кој прилага и своја кратка граматика на македонскиот јазик. БИБ.: Именная акцентуация в балтийском и славянском, М., 1963; Македонскорусский словарÏ, М., 1963; Опìт сравнения ностратических язìков, т. И, М., 1971 (т. Ⅱ, според неговите материјали, излегува во 1976). Комплетна библиографија во „Советское славяноведение“, бр. 1, М., 1967. Кр. Ил. Ристо Илковски