ИЛИНДЕНÃ

„ИЛИНДЕНÃ . (Софија, 27. XI 1907 – 12. IX 1908) – весник. Излегувал двапати неделно, во среда и во сабота. Покрај уредникот и издавач В. Пасков, Редакцијата ја сочинувале и Глигор Василев, Пеју К. Јаворов, Данаил Крапчев, Никола Милев и Петко Пенчев. Објавени се вкупно 64 броја. Политички биле против раководството на ВМОРО избрано на Рилскиот конгрес (1905). ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 213-215; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 54. С. Мл.