ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ

ИЛИНДЕНСКИ КАЈАК СЛАЛОМ – ИКАС – меѓународен кајакарски натпревар на диви води. Кајакарските работници во Скопје формирале Иницијативен одбор од 9 члена на чело со Мемед шакир за основање на традиционални меѓународни кајакарски натпревари на диви води на реката Треска посветени на Илинден, националниот празник на Македонија (ИКАС, 1969). Благодарение на квалитетните материјални и кадровски услови, овој меѓународен натпревар е прифатен во годишниот календар на Меѓународната кајакарска федерација Раководството на ИКАС (1969) (ИЦФ). Овие натпревари се одржани 38 пати (до 2006), со учество на кајакари од југословенските републики, од балканските и од европските држави. Д. С. „Илинденски пат”, списание на НОФМ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *