ИЛИНДЕНСКИ ДЕМОНСТРАЦИИ

ИЛИНДЕНСКИ ДЕМОНСТРАЦИИ (Вардарски дел на Македонија, 1940) – масовни демонстрации во Прилеп, Скопје и во Охрид против српскиот режим. Демонстрантите повикувале на оружена борба за ослободување и државност. Во Скопје допатувал претседателот на Владата, кој признал дека во Југославија се појавува четврта нација и наредил да се применат остри мерки. ЛИТ.: Извори за историјата на СКМ. Документи и материјали, 1921–1941, И, 2. Редакција, превод и коментари Иван Катарџиев, Скопје, 1985. О. Ив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *