ИЛИЕСКУ Крушовену Ташку

ИЛИЕСКУ Крушовену Ташку . – автор од Крушево. Превел или адаптирал на влашки (аромански) јазик една окситанска народна песна („Ескривата”), која останува во трезорите на Националната библиотека во Париз близу стотина години. Ја откри проф. д-р Божидар Настев и ја преведе во проза на македонски јазик од јазикот на Окситанците (ланг д’ок). Пишувал поезија на аромански јазик (крушовски дијалект) и своите творби ги објавувал во Романија. ЛИТ.: Божидар Настев, Аромански студии, Скопје, 1988. Г. Т. Илин Душица