ИЛИЕВ, Диме

ИЛИЕВ, Диме (Кавадарци, 19. IX 1952) – актер. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1975). Член на Драмскиот театар е од 1975 г. Улоги: Момчето (Црнила); Јанез Митиќ (Карамазови); Наум (Р); Камиј (Смртта на Дантон); Креонт (Медеја); Фи-Диме Илиев лип (Вазна од порцелан); Танасие (Нажалена фамилија); Зард (Европа); Пјеро (Дон Жуан); Чебуткин (Три сестри); Бумбарот (Како се станува цар) и др. Р. Ст. Васка Илиева

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *