ИЛИЕВ, Атанас Тодоров

ИЛИЕВ, Атанас Тодоров (Валандово, 6. Ⅱ 1927 – Скопје, 12. Ⅶ 1990) – ветеринар. Докторирал на Ветер. ф. во Белград (1975). Научен советник во Ветеринарниот институт во Скопје и негов директор (1985-1987). Бил потпретседател на Собранието на Општина Валандово и секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Валандово. Бил пратеник во Собранието на СРМ (1963-1965). М. Д. – Ј. Б.