ИЛИЕВСКИ, Димитар

ИЛИЕВСКИ, Димитар (Битола, 21. IX 1953 – Хималаи, 10. Ⅴ 1989) – алпинист. Член на Планинарско-скијачкото друштво „Пелистер” во Битола (од 1968), во кое е основана Алпинистичка секција. Ги освоил речиси сите најважни врвови во Југославија, во Грција, Бугарија како и врвовите на Алпите: Мон Блан (4.807 м), Мате-хорн (4.808 м) и Монте Роса (1980). Во Јужна Америка се искачил на врвот на Андите Хуаскаран (6.768 м) и на Чипикалки (6.400 м) и Кордилера Бланка (1982), а во СССР (1984) на врвот на Памир „Пик на комунизмот” ИЛИЕВСКИ Димитар Илиевски-Мурато (7.495 м) и на Четворјох (6400 м). Учествувал во Македонската хималајска експедиција „Манаслу 86” и „Еверест 89”, кога со Стипе Божиќ од Хрватска и со Виктор Грошељ од Словенија го освоиле Монт Еверест (8.848 м). Загинал при слегувањето (1989). Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1989). ЛИТ.: Илчо Белџигеровски, Од Пелистер до Еверест, Битола, 2001. Д. С. Методија Илиевски