ИЛАРИОН МЕГЛЕНСКИ, свети

ИЛАРИОН МЕГЛЕНСКИ, свети (Охрид, крајот на XI в. – ?, 1164) – светител, мегленски епископ и книжевен деец. Меѓу 1133 и 1142 г. охридскиот архиепископ Евстатиј го ракоположил за епископ мегленски. Бил жесток противник на еретичките движења и учења, со кои директно водел полемики и пишувал полемички текстови со антиеретичка содрСв. Иларион Мегленски жина, толкувајќи ги делата на авторитетните црковни писатели. На местото каде што порано се собирале прогонетите од него еретици, тој подигнал храм посветен на светите апостоли и напишал специјален устав. Како жесток борец против еретиците бил прогласен за светител, неговиот култ е поддржуван во книжевната и во ликовната традиција. ЛИТ: В. Антиќ, Локални хагиографии во Македонија, 2 изд., Скопје, 2003; Ѓ. Поп-Атанасов, И. Велев и М. Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската литература (IX-ⅩⅤⅠⅠⅠ век), Скопје, 2004. И. Вел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *