ИКОНОМОВ, Јордан

ИКОНОМОВ, Јордан (Крива Паланка, 1896 – Скопје, 29. IX 1956) – град. инж., вонр. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1949 г.) по предмети од областа на комуналната хидротехника, хидрологијата и мелиорациите. Завршил Технички факултет во Виена. Напишал скрипти за предметите хидрологија и за Канализација. Љ. Т. Петар Икономов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *